Сувенир на Општина Куманово за 2021 година
Традиционално Комисијата за избор на сувенир на Општина Куманово го избра
сувенирот на Општината за 2021 година, по претходно објавен јавен конкурс. На
конкурсот за избор на сувенир учествуваа четири автори со креативни решенија, во
кои беа содржани елементи на препознатливост, но и отсликување на традицијата и
културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот
Куманово. Денеска во просториите на Општина Куманово градоначалникот
Димитриевски потпиша Договор со атеље “Артидеа”-Скопје, застапувано од авторот
Наташа Кузмановска, која го изработи избраниот сувенир на Општината за 2021 година
“Слика на стакло на Занаетчискиот дом во Куманово”, изработена на стакло со
специјално наменети бои за сликање на стакло. Сувенирот на Кузмановска е
прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.