С О О П Ш Т Е Н И Е за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица- корисници на гарантирана минимална помош(ГМП) за 2023 година
Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица- корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година, бр.09-10277/17 („Сл.гласник на Општина Куманово“ бр.16/22 ), право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:
- Корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија).
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-лична карта ;
-сметка од ЈП „Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-сметка од ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка
-решение издадено од ЈУМЦСР Куманово кое што докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
-договор за наем на стан/куќа
-телефонски број за контакт.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за кирија
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-лична карта ;
-решение издадено од ЈУМЦСР Куманово кое што докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
-договор за наем на стан/куќа;
– активна трансакциска сметка;
-телефонски број за контакт.
Подносителите пополнуваат две барања за двете наведени субвенции.
Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) или на следниве линкови:
БАРАЊЕ за субвенционирање на категорија лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП)
Барање (ГМП) – за субвенционирање на трошоци за кирија
Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово од 10.01.2023 до 10.02.2023 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН 075/323-569 ОД 0800 до 1600 часот