Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година, бр. 09-8185/34  и член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош(ГМП) преку субвенционирање на трошоци комунални услуги за 2021 година, бр. 09-8185/35 од 28.12.2020 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 17/20), право на  субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:

  1. Самохрани родители кои живеат на територијата на општина Куманово што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18-годишна возраст на детето или до 26-годишна возраст доколку се образува), како и самохрани родители на деца со попреченост до 26-годишна возраст;
  2. Стечајни работници кои живеат на територијата на општина Куманово и се евидентирани на соодветна Листа на здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од општина Куманово;
  3. Згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца без родители или без родителска грижа;
  4. Лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до 26-годишна возраст;
  5. Лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица („Службен весник на РСМ, бр. 104/19) и
  6. Лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).

Барањата можат да се подигнат од 01 до 20 јануари 2021 година во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) .

Барањата  со потребната документација се доставуваат до архива на општина Куманово, најдоцна до 20.01.2021 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН  075/323-569  од 0800  до 1600 часот 

1А. Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата самохрани родители

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

  • Лична карта;
  • Телефонски број за контакт ;
  • Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
  • Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметката ;
  • Извод од матична книга на умрени (доколку еден од родителите е починат);
  • Доказ за причината поради која другиот родител не ги извршува родителските права и должности;
  • Извод од матична книга на детето/децата;
  • Доказ за материјална состојба (УЈП), потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР- Куманово или чек
  • Од пензија (лична /семејна );
  • Потврда за редовен ученик /студент .

2А. Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата стечајни работници

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

  • Лична карта за сите полнолетни членови во семејството;
  • Телефонски број за контакт ;
  • Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
  • Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметката ;
  • Доказ на кој се евидентирани на соодветна Листа на Здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од општина Куманово;
  • Доказ за материјална состојба (УЈП) за сите полнолетни членови во семејството, потврда од работа, од АВРСМ ЦВ- Куманово, од ЈУМЦСР- Куманово или чек од пензија (лична /семејна );
  • Доказ дека приходот во семејството не надминува 14.500,00 денари.

3А. Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата згрижувачки семејства

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

Лична  карта за сите членови полнолетни;

  • Лична карта на лицето згрижувач;
  • Извод од матична книга на детето/децата;
  • Телефонски број за контакт ;
  • Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
  • Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметката ;
  • Решение издадено од ЈУМЦСР- Куманово, кое докажува дека лицето е згрижувач;
  • Доказ за материјална состојба (УЈП) потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР- Куманово или чек од пензија (лична /семејна );
  • Потврда за редовен ученик /студент.

4А.  Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до  26 годишна возраст

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

  • Лична карта;
  • Телефонски број за контакт ;
  • Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметката ;
  • Извод од матична книга на умрени;
  • Решение од ЈУМЦСР доколку лицето е малолетно односно е под старателство;
  • Потврда од АВРСМ ЦВ – Куманово, потврда од ЈУМЦСР- Куманово;
  • Доказ за материјална состојба (УЈП) – чек од пензија (лична /семејна );
  • Потврда за редовен ученик /студент .

5А. Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата право на социјална сигурност за старите лица

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

  • Лична карта за сите полнолетни членови во семејството;
  • Телефонски број за контакт ;
  • Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
  • Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметката ;
  • Решение издадено од ЈУМЦСР-Куманово, кое докажува дека лицето користи право на социјална сигурност за старите лица;
  • Венчаница/умреница на брачниот другар;
  • Доказ за материјална состојба (УЈП) за двајца сопружници;

6А.  Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

  • Лична карта за сите полнолетни членови во семејството;
  • Извод од матична книга на детето/децата;
  • Телефонски број за контакт;
  • Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
  • Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
  • Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметката ;
  • Венчаница/умреница на брачниот другар;
  • Доказ за материјална состојба (УЈП) за сите полнолетни членови во семејството;
  • Решение издадено од ЈУМЦСР-Куманово, кое докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
  • Потврда за редовен ученик/студент;
  • Договор за закуп на недвижен имот/живеалиште;

 

                                                                                                                  ОПШТИНА КУМАНОВО

Сектор за култура, спорт, социјална заштита,

                                                                                              заштита на децата и здравствена заштита                                                                                   

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст