С О О П Ш Т Е Н И Е
Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година, бр. 09-8185/34 од 28.12.2020 година, член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку субвенционирање на трошоци комунални услуги за 2021 година, бр. 09-8185/35 од 28.12.2020 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.17/20), член 2 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година бр.09-1276/8 од 19.02.2021 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.2/21), право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:
–Самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18 годишна возраст на детето или до 26 годишна возраст доколку се образува) како и самохрани родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст;
-Згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца без родители или без родителска грижа;
-Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до 26 годишна возраст;
-Лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица („Службен весник на РСМ бр. 104/19)
– Лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).
– Категорија на потполно слепо лице од 26 години возраст до 65 години возраст кај кој постои оштетување на видот од 98% до 100% и
– Категорија на потполно глуво лице од 26 години возраст до 65 години кое има двострано оштетување на слухот поголемо од 80% пресметано според таблица за одредување на процент на траен инвалидитет
– Дете до 26 години возраст со најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот;
Барањата можат да се подигаат од 01 до 15 март 2021 година во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).
Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово, најдоцна до 15.03.2021 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН 075/323-569 ОД 0800 до 1600 часот
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата самохрани родители
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
-Извод од матична книга на умрени (доколку еден од родителите е починат);
-Доказ за причината поради која другиот родител не ги извршува родителските права и должности;
-Извод од матична книга на детето/децата;
-Доказ за материјална состојба (УЈП), потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР Куманово или чек од пензија (лична /семејна );
-Потврда за редовен ученик /студент .
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата згрижувачки семејства
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта за сите членови полнолетни;
-Извод од матична книга на детето/децата;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
-Решение издадено од ЈУМЦСР Куманово коешто докажува дека лицето е згрижувач;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР Куманово или чек од пензија (лична /семејна );
-Потврда за редовен ученик /студент.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до 26 годишна возраст
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
– Извод од матична книга на умрени;
-Решение од ЈУМЦСР доколку лицето е малолетно односно е под старателство;
-Потврда од АВРСМ ЦВ – Куманово, потврда од ЈУМЦСР Куманово;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) – чек од пензија (лична /семејна );
-Потврда за редовен ученик /студент .
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата право на социјална сигурност за старите лица
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта за сите полнолетни членови во семејството;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка
-Решение издадено од ЈУМЦСР Куманово коешто докажува дека лицето користи право на социјална сигурност за старите лица;
-Венчаница/умреница на брачниот другар;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) за двајца сопружници.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта за сите полнолетни членови во семејството;
-Извод од матична книга на детето/децата;
-Телефонски број за контакт;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
-Венчаница/умреница на брачниот другар;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) за сите полнолетни членови во семејството;
-Решение издадено од ЈУМЦСР Куманово коешто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
-Потврда за редовен ученик/студент.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата потполно слепо лице од 26 до 65 годишна возраст
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта;
-Телефонски број за контакт ;
– Решение или потврда од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Куманово за остварување на правото
на надоместок заради попреченост или конзилијарно мислење од првостепена комисија од соодветната
терцијална здравствена установа
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата потполно глуво лице од 26 до 65 годишна возраст
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта;
-Телефонски број за контакт;
– Решение или потврда од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Куманово за остварување на правото на надоместок заради попреченост или конзилијарно мислење од првостепена комисија од соодветната терцијална здравствена установа
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата дете со најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот до 26 годишна возраст
Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична карта;
-Телефонски број за контакт;
– Решение или потврда од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Куманово за остварување на правото за посебен додаток или наод, оценка и мислење од стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
– Извод од матична книга на детето/децата;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Родител/старател да е корисник на услугите од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово и ЈП ,,Водовод“ Куманово;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
Сектор за култура, спорт, социјална заштита,
заштита на децата и здравствена заштита