Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Традиционален турнир во футсал за пехар на градоначалник

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во училишната спортска сала на СОУ Перо Наков-Куманово се одржа традиционалниот турнир во футсал за пехар на градоначалникот. Овој спортски натпревар е организиран од страна на Општински сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт, во рамките на Програмата за одбележување на Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември. Учествуваа ученици од општинските средни училишта. Секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски додели пехари на најдобрите спортски екипи, а беа доделени и награди за најдобар стрелец, голман и играч на турнирот.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст