Традиционална Бадникова поворка во Куманово
Седма година по ред Здружението “Бадникови поворки” во Куманово го одбележа денешниот празник Бадник. На неколку локации во градот беа поставени кутии за донации, од чии средствасе обезбедени основни потреби за Бадник, наменети за социјално загрозени семејства од нашиот град. На градскиот плоштад беше поставена божиќна пештера со фреска на Богородица и Исус, а беа поделени бадникови колачиња и божиќни звезди на случајни минувачи. На крајот беа пуштени балони со натпис “Христос се роди”. На градскиот плоштад присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателката на Советот на Општината Ѓорѓиевска.