Традиционална велосипедска трка “Трофеј 11 Октомври”
Согласно програмата за одбележување на 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, денеска се одржа уште еден празничен спортски настан- традиционалната велосипедска трка “Трофеј 11 Октомври”. Трката е организирана од страна на Општинскиот сојуз на спортови и Велосипедски клуб “Вело М”- Куманово, а со поддршка од Општина Куманово. На трката учествуваа деца велосипедисти и повозрасни спортисти, кои возеа кружно на релација “Октомвриска револуција” и “3-та МУБ”. На овој спортски настан присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.