Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Трета седница на Општински совет за социјална заштита

На денешната седница на Општински совет за социјална заштита, беше усвоен Социјален план на Општина Куманово за претстојниот период (2023-2026 година).
Социјалниот план содржи повеќе мерки и активности, како и нови социјални услуги кои треба да се развијат во Општина Куманово во тригодишниот временски период.
Врз основа на усвоениот план ќе биде изготвена програма за социјална заштита на Општината за  2023 година.
Членови на Општинскиот совет за социјална заштита се:
Општина Куманово, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, АВРСМ – Центар за вработување Куманово, Основно јавно обвинителство, Општинска организација на Црвен Крст – Куманово, МВР-СВР Куманово, ЈЗУ “Здравствен дом” – Куманово, Центар за рурален развој “Бујрум” Куманово и Здружение за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива” Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст