Трета седница на Советот на Општина Куманово
Утре 06 декември 2017 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот. ќе се одржи третата седница на Советот на Општина Куманово.
Дневен ред
- Усвојување на записниците од Првата – Конститутивна и Втората седница на Советот на Општина Куманово
- Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2017 – 30.06.2017 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2017 – 30.09.2017 година;
- Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Април – Јуни 2017 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово за цена на услуга за работа со булдожер и скип за еден работен час;
- Информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2017/2018 година;
- Информација за запишување на ученици во I – ва година и состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2017/2018 година;
- Информација за остварување на приходи по основ на даноци и такси за период од 01.01.2017 до 31.08.2017 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на висина на надоместок за покривање на трошоците за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2017 година за преземање на 1(еден) административен службеник;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за определување на имиња на улици со нумерација на објекти во населено место Гладно Поле – Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;
- Предлог – План на програми за развој на Општината Куманово за 2018 година;
- Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2018 година.