Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Трета седница на Советот на Општина Куманово

На 28 декември 2021 година (вторник) во големата сала на зградата на поранешните
општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи третата седница на
Советот на Општина Куманово по следниот

Дневен ред

1. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември
2021 година;
2. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2022 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за
утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за
издавање под закуп;
4. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од
01.07.2021 – 30.09.2021 година;
5. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2022 година;
6. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните
површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово
од страна на лица со посебни потреби за 2022 година;
7. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022
година;
8. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2022 година;
9. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето
општина Куманово во 2022 година;
10. Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022
година;
11. Работна програма за 2022 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
12. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ –
Куманово во 2022 година;
13. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во
2022 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
14. Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на
Општина Куманово за 2022 година;
15. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во
Општина Куманово за 2022 година;
16. Годишна програма за 2022 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
17. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
18. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за
развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022
година;
19. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во
Општина Куманово за 2022 година;
20. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од
заразни болести во 2022 година;
21. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за
комунални услуги за 2022 година;
22. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено
необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку
субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година;
23. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување
на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура за 2022 година;
24. Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
25. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за
основно образование за 2022 година;
26. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за
средно образование за 2022 година;

27. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности
по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните
училишта од Општина Куманово за 2022 година;
28. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
29. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на
комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година;
30. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните
патишта и улици во Општината Куманово за 2022 година;
31. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и
природата на Општина Куманово за 2022 година;
32. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона
мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2022 година;
33. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана
опрема (реклами) на подрачјето на град Куманово;
34. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Х. Т. Карпош“, дел од УБ 64-ј,
плански опфат помеѓу ул. „Владимир Назор“, ул. „Пролетерски Бригади“, ул. „Киро Фетак“,
ул. „Борис Кидрич“ и ул. „Карл Маркс“– Општина Куманово;
35. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Перо Чичо“, дел од УБ 15,
плански опфат помеѓу ул. „Михајло Пупин“, крак на ул. „Михајло Пупин“- Општина
Куманово;
36. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „3-та МУБ“,
дел од УБ 49, плански опфат меѓу ул. „Васил Драгомански“, ул. „Новопланирана“, „Пешачка
патека“ и ул. „Тоде Димковски Думба“ – Општина Куманово;
37. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Гоце Делчев“, дел од УБ 29,
плански опфат меѓу ул. „АВНОЈ“, ул. „Мирче Ацев“, ул. „Рајко Жинзифов“, ул. „Страшо
Пинџур“ и ул. „222“ – Општина Куманово;
38. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Трета МУБ“, дел од У.Б. 48 (дел 2)
и за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, дел од У.Б. 44, плански опфат меѓу ул. „Трета МУБ“, ул. „Перо
Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ – Општина Куманово;
39. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „11-ти Ноември“, дел од УБ 67,
плански опфат меѓу ул. „Боро Прцан“, ул. „Сава Ковачевиќ“, ул. „Вера Јоциќ“ и ул. „Србо
Томовиќ“ – Општина Куманово;
40. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 83, плански
опфат помеѓу Регионален пат Р 2133, ул. „Новопланирана“, граница на УЕ и граница на УБ
– Општина Куманово;
41. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за Г.П. 24 на К.П. 21962, КО
Куманово од ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 61 – Општина Куманово;
42. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на
Општина Куманово за 2021 година;
43. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за
2022 година;
44. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со
градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на
Општина Куманово за 2021 година;
45. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во
сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за
2022 година;
46. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2022 година;
47. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2022 година;
48. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2022 година;
49. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните
службеници за 2022 година;
50. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско
плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2022 година;
51. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот
на Општината Куманово за 2022 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници
преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;

52. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина
Куманово за 2021 година;
53. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на
Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
54. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈП „Пазаришта“ –
Куманово;
55. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Локалниот економско-
социјален совет на Општина Куманово;
56. Предлог – Одлука за разрешување и именување на претседател и на член на Локалната
комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;
57. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за
работа на Советот на Општината Куманово за 2022 година.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст