Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Тркалезна маса за учество на лицата со попреченост во изборните процеси

Денеска во ресторан “Грација”-Куманово се одржа тркалезна маса за учество на лицата со попреченост во изборните процеси, во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Тркалезната маса е дел од проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија” на Владата на Швајцарија, имплементиран од ИФЕС. Проектот има за цел да ги поддржи демократските изборни процеси, кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција. Правото на рамноправно учество во изборните процеси за лицата со попреченост е од особена важност за обезбедување демократски изборен процес, кој ги исполнува критериумите за етика и интегритет. На тркалезната маса беа вклучени засегнатите страни во истражување на можности и опции за постигнување на поправедна застапеност на лицата со попреченост во изборните процеси. Целта е да се постигнат подобри законски и политички решенија за лицата со попреченост, како и да се креира подобро општество за сите. На настанот активно учествуваа претседателката, членови на Совет на општина Куманово и претставници на општинска администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст