Турнир во мал фудбал помеѓу институции “Ден на градот”
Денеска се оддржа традиционалниот турнир во мал фудбал помеѓу институции “Ден на градот” по повод 11 Ноември.
На турнирот настапија екипи од Општина Куманово, СВР Куманово, Општински сојуз на Училишен спорт на Куманово и ЈП Водовод – Куманово.
Целта на турнирот е подигање на спортскиот дух и подобрување на соработката помеѓу институциите во Општина Куманово.