Улична атлетска трка по повод 11 Ноември
Во рамките на празничната ноемвриска програма денеска се одржа традиционалната улична атлетска трка во централното градско подрачје, чии организатори се Општински сојуз на спортови, Атлетски клуб Куманово и Сојуз на училишен спорт. На трката учествуваа ученици од општински основни и средни училишта, поделени по категории: VI и VII одд., VIII и IX одд. и средношколци, во машка и женска конкуренција. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски на најдобрите им додели дипломи за учество на овогодинешната трка.