Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на локлано ниво

Денеска во просториите на Општина Куманово, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се одржа работилница на тема „Унапредување на безбедноста на патниот сообраќај локално ниво. На работилницата покрај претставниците од Општина Куманово присуствуваа и претстаници од СВР Куманово, од Техничкиот факултет и претставници од други надлежни институции. Целтта на работилницата беше анализа и утврдување на состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на подрачјето на општина Куманово, унапредување на соработката помеѓу надлежните субјекти, размена на ставови, мислење и искуство и дефинирање на предлог мерки и активности за побезбеден сообраќај на локално ниво.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст