Ученици од основни училишта во посета на Општина Куманово по повод “Недела на детето”
По повод Светската недела на детето, која се одбележува првата седмица од месец октомври под мотото “Недела на детето”, денеска во просториите на Општина Куманово градоначалникот на Општината, претседателката на Совет на Општината и раководителот на Сектор за образование одржа средба со професори и ученици од општинските основни училишта. Децата имаа можност да се запознаат со работата на градоначалникот и локалната самоуправа. Ова е недела која им е посветена на децата и заштитата на нивните права, недела посветена на осознавање на вистинските вредности на животот, како поттик за активности, кои ќе ја подобрат состојбата со правата на децата. Градоначалникот Димитриевски упати честитки по повод Светската недела на детето, посакувајќи им на учениците да вложуваат доволно труд и време во своето образование, со цел да бидат подготвени за сериозни предизвици во животот.