Училишен базар под мотото “Донесете насмевка понесете љубов”
Продажен базар на рачни изработки, направени од ученици со посебни потреби заедно со нивните соученици и родители, беше организиран во ООУ “Браќа Миладиновци” – Куманово.
Собраните средства од базарот се наменети за потребите на учениците сопопреченост.
Традиционалната манифестација е во рамки на одбележувањето на 3 Декември – меѓународен ден на лица со посебни потреби.
На настанот присуствуваше претседателката со претставници на Советот на Општина Куманово.