Центар за социјално претприемништво во СОУ “Перо Наков”-Куманово
СОУ „Перо Наков“-Куманово е партнер на Економско-трговската школа од
Врање-Р Србија, која е носител на прекуграничниот проект „Центри за
иновативен развој на социјалното претприемништво–современа
перспектива на социјалната интеграција на младите“. Токму за таа цел
денеска во Занаетчиски дом се одржа презентација на проектот, кој се
имплементира со средства од Инструментот за претпристапна помош
(ИПА II). Активностите на проектот во Куманово ќе резултираат со
отворање на Центар за социјално претприемништво во СОУ “Перо Наков”-
Куманово, со цел на младите да им се приближи концептот за социјална
економија. Центарот претставува креативен простор, во кој младите ќе
имаат можност да развиваат идеи за социјални старт-ап компании.
Нивното вклучување е приотитет во креирањето одржливо окружување,
кое ќе поттикне развој на социјалното претприемништво и социјалната
економија. На настанот присуствуваше секретарот на Општина Куманово,
Александар Гелевски.