Чествување на христијанскиот празник Богојавление – Водици
Света литургија во чест на христијанскиот празник Богојавление – Водици, денеска се служеше во соборниот храм Св. Никола во Куманово, пред многубројни верници кои присуствуваа на осветувањето на водите и крстот.
На традиционалниот чин фрлање на крстот присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски.
На најсреќниот верник градоначалникот му посака добро здравје, среќа, успех во иднина и му врачи пригоден подарок од име на Општината