Честитка на Градоначалникот Максим Димитриевски по повод 2 Август
Драги сограѓани, нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката!
Денес со одбележување на 118 години од Илинденското востание, но и 77 години од првото заседание на АСНОМ оддаваме почит кон сите херои кои се изборија и го остварија сонот за поставување на темелите на слободна, независна и суверена македонска држава. Македонскиот народ покажа истрајност одејќи по вистинскиот пат.
Одговорност на секој од нас е да ја чуваме и негуваме татковината, во духот на слободата, демократијата и општествените вредности!
До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на пророкот Св. Илија.
Нека ни е честит и вековит Илинден, за многу години АСНОМ!