Честитка од градоначалникот Димитриевски по повод Богојавление-Водици
Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, како вековна традиција на нашите предци. Посакувам оваа традиција да ја продолжиме во духот на христијанството и заедно да го сочуваме духовното наследство и да ја зацврстиме вербата во Бога. Нека е честит и вековит денешниот празник! Бог се јави! Нека е за многу години празникот Водици!