Во среда (01.07.2020) ќе се одржи четириесет и трета седница на Советот на Општина Куманово
Во среда (01.07.2020) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, ќе се одржи на четириесет и трета седница на Советот на советот на општина
Дневен ред
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2020 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
- Извештај за реализација на Програма на културни манифестации во Општина Куманово за 2019 година;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за комунален ред во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност за аплицирање на Јавен повик за изработка на техничка документација од страна на Фондот за техничка документација при УНДП, објавен и финансиран од страна на УНДП и Кралството Шведска;
- Предлог – Одлука за давање на согласност недвижни ствари на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово.