Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Шаховски рапид турнир

Денеска се одржа уште еден спортски турнир во рамките на празничната програма за одбележување на Денот на ослободување на нашиот град, организиран од Општински сојуз на спортови и Шаховски клуб Куманово, со поддршка од Општина Куманово. Во просториите на клубот се одржа рапид турнир во шах и тоа во две категории:младински рапид турнир, на кој учествуваа лица до 18-годишна возраст и блиц турнир-Open Куманово, за лица над 18 години. Учесниците беа од РСМ, Србија и Косово. Најдобрите заслужено добија пехари и медали од организаторите.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст