Јавен повик за избор на консултант за изработка на Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово за период 2019-2024 година
Предмет: Објава на јавен повик за избор на консултант за изработка на Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово за период 2019-2024г.
Полиња на интервенција (приоритети):
- Бизнис опкружување и подобрување на економската состојба (бизнис климата)
- Развој, поддршка и промоција на МСП (мали и средни пртетпријатија)
- Туризам и угостителство
- Рурален развој
- Занаетчиство
- Намалување на невработеноста.
Опис на задачата
За време на реализација за изработка на Стратегија за локален економски Развој за Општина Куманово консултантот со работниот тим има за задача да ги води сите процеси при изработка на Стратегија за локален економски развој, изработка на драфт верзија на стратегијата, водење на јавна дебата за стартегијата и подготовка на финалната верзија на самата стратегија. Консултантот треба да биде достапен во сите фази на подготовка, испорака на обуки и иработка на стратешкиот документ.
Очекувани резултати
- Мапирање на засегнати страни- формирање на работен тим
- Прва целодневна работна сесија за мапирање на проблеми
- Втора целодневна работна сесија за формулирање на мисија, визија, цели, стратешки приоритети
- Трета целодневна работна сесија за изработка на Акциски план
- Теренско истражување
- Подготовка на драфт верзија на стратегијата
- Јавна дебата за предлог-стратегијата
- Подготовка на финална верзија од документот
- Промотивен настан
Потребно образование и работни компетенции на консултантот
-Образование – магистратура по општествените науки;
– најмалку 8 години професионално искуство;
– работа на национални, општински или организациски стратегии.
Локација и времетраење
Имплементација на стратегијата за локален економски развој (ЛЕР) започнува веднаш по изборот на консултантот и е превидено до крајот на декември да се заврши стратешкиот документ.
Сите настани ќе се одвиват во Куманово.
Јавниот повик важи пет работни дена од денот на објава на повикот .
Потребна документација
Уверение за завршено стручно образование
Кратка биографија -CV на македонски јазук
Дипломи и сертификати од областа на повикот
Критериуми за избор:
Квалификации и вештини: 30 поени;
Општо професионално искуство: 30 поени;
Специфично професионално искуство: 40 поени.
Изборот на консултант согласно наведените критериуми ќе се врши од страна на Комисија за избор на консултант за изработка на стратегија за локален економски развој на општина Куманово за период 2019-2024 година, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Куманово.
Лицата кои ќе аплицираат сите потребни документи ќе треба да ги стават во затворено плико со ознака да не се отвара и да се назначи повикот за кој аплицираат. Пликото да се достави на следна адреса 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово или на слдниот линк: [email protected]
Контакт лице:Ахмет Јашаровски 070 541 535, Билјана Николовска 070 613 000
Одделение за стратешко планирање, следење и локален економски развој
Општина Куманово