Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јапонската амбасадорка во посета на Општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија во Р.М. – Кеико Ханеда. При посетата на Општина Куманово, амбасадорката Ханеда искажа благодарност за поддршката и соработката што ја има со општината, а Градоначалникот ја истакна важноста на плодната соработка, донираните средства и проектите кои се остварени во соработка со Јапонската Амбасада.
Во заедничка посета на ООУ “Вук Краџиќ“, Градоначалникот Димитриевски и амбасадорката Ханеда извршија свечено примопредавање на училиштето, кое доби нови прозорци, врати и кров по завршување на проектот за реконструкција.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст