Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

,,Љубовен мјузикл 2” во чест на празникот на љубовта и виното

Во знак на денот на љубовта и виното, вечерва во Занаетчиски дом – Куманово се одржа второ издание на културно – уметничкиот настан “Љубовен мјузикл”, во организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово.

Настапија оркестарот “Симфониум” при СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, под водство на диригент Филип Петровски во придружба на членовите на танцовиот клуб “Динамик” – Куманово, со интерпретација на светски познати валцери (Por una Cabeza – популарно шпанско танго), класични нумери и кумановски љубовни приказни наменети за ваква пригода.
На музичкиот настан присуствуваа градоначалник, претседателка на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст