10-ти Меѓународен фестивал на македонска народна шегобијна песна “Тумба фест Куманово 2022”
Вечерва во Центарот за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово се одржа јубилејното 10-то издание на Меѓународниот фестивал на македонска народна шегобијна песна “Тумба фест Куманово 2022”. Организатор на овој Фестивал е Здружението “Етно ризница”- Куманово, а покровители се градоначалникот и Советот на Општина Куманово. На Фестивалот, кој е единствен во негување на дијалектите, беа интерпретирани 18 нови шегобијни музички нумери, изведени од страна на реномирани македонски естрадни уметници. Носоздадените песни беа изведени на кумановски, охридски и гевгелиски дијалект, а создадени од словенски и бугарски автори. Целта на “Тумба фест” е сочувување и промовирање на македонскиот јазик со сите дијалекти, кои имаат свои специфичности. Свое обраќање имаше претседателката на Совет на Општина Куманово Ѓорѓиевска.