22 години од формирање на Единицата за брзо распоредување (ЕБР)
По повод Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска пред СВР Куманово се одржа церемонија на отворање на спомен обележје во чест на 8-те загинати припадници на полицијата, во Диво насеље. Покрај бројните делегии, свежо цвеќе пред спомен обележјето положи и делегација од општина Куманово, предводена од секретарот на Општината Александар Гелевски.
Исто така, денеска во градскиот парк (кај автобуската станица) ќе биде изложена опремата на МВР, како дел од концептот “МВР за граѓаните”, со цел поблиско запознавање на граѓаните со работата и надлежностите на Министерството.
Централната церемонија ќе продолжи вечерва пред градскиот базен.