50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“
Денеска во комплексот Етно село „Тимчевски“ започна јубилејната 50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Традиционалната Колонија е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт. Оваа ликовна манифестација спаѓа во редот на најстарите во државава, бележејќи континуирана активност.
На ова издание ќе учествуваат 11 ликовни уметници од повеќе земји во регионов: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија. Ликовната колонија ќе заврши на 13 август, со изложба на новосоздадената продукција.