55 години музичко творештво на Маргица Антевска
Вечерва во Занаетчиски дом Куманово, нашата музичка sвезда Маргица Антевска одржа концерт, по повод 55 години музичко творештво. Овој културен настан е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Пред присутната публика беа интерпретирани стари македонски народни и забавни музички нумери и преработки на познати стихови. Антевска настапи придружувана од Марко Митковски на пиано, Бојан Трајчев- гитара, Никола Петковски- виолина и Милена Митковска-вокална придружба.