Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

76-годишнина од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во Куќа музеј на Христијан Тодоровски Карпош се одбележа 76-годишнината од загинувањето на легендарниот  кумановски командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош.

Настанот традиционално е во организација на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи-Куманово.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски со претставници од општинската администрација и претседателот со членови  на Совет на Општина Куманово  положија свежо цвеќе на бистата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

Врати се на врвот
Големина на фонт