82 години од Денот на загинување на осумте авијатичари
Денеска достојно се одбележаа 82 години од Денот на бомбардирање на аеродромот во близина на Куманово и Ден на загинувањето на авијатичарите, кои беа дел од војската на кралство Југославија, во борбата против фашизмот во 1941 година. Со почит кон овој значаен историски ден, пред споменикот на осумте авијатичари свежо цвеќе положија делегации од општина Куманово и Совет на Општината, амбасада на Р Србија во РСМ, претставници на невладини организации, здруженија и политички партии. Присутните имаа можност да проследат и пригодна културно- уметничка програма.