На Спомен Костурница одбележан „11 Октомври“
Со положувањена свежо цвеќе денеска на Спомен Костурница, беше одбележан Денот на востанието „11 Октомври“. Пред присутните се обрати Претседателот на Владата на Република Македонија – Зоран Заев.
Почест на паднатите борци оддадоа бројни делегации предводени од Сојузот на борците, Градоначалникот Максим Димитриевски и претставници на Советот на Општина Куманово, Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски, делегации на Собранието на Владата на Р.М., АРМ, МВР, претставници на останати институции, политички партии и граѓански здруженија.