Градоначалникот Максим Димитриевски доби плакета од здружението „Кумановски Акцијаши„
По повод светскиот ден на Волонтерите Петти декември, денеска Здужението „Кумановски Акцијаши„ на градоначалникот Максим Димитриевски му врачи плакета за активен подржувач на доброволна волонтерска работа за 2018 година. Во состав на делегацијата беа ветераните на „Кумановски Акцијаши„ и посетители на обуката за млади аниматори во рамки на проектот „Еко работилници„ која ја организра самото здружение. Инаку, Општина Куманово и Здружението на Кумановски Акцијаши имаат потпишано меморандум за соработка, врз основа на кои оваа година се спроведоа голем број на еколошки акции.