Градоначалникот Димитриевски подели новогодишни пакетчиња
По повод претстојните новогодишни празници, денеска Градоначалникот Максим Димитриевски традиционално ги дoдели новогодишните пакетчиња на децата од „Порака Наша“, Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост и во Здружението на глуви и наглуви лица. Градоначалникот беше придружуван од Дедо Мраз, кој дополнително ги развесели децата и им го разубави денот.
Секоја година локалната самоуправа обезбедува пригодни новогодишни пакетчиња и за децата без родители и децата кои се лекуваат на детското одделение во Општа Болница Куманово. Во вторник, 25 декември, на градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се одржи манифестација со Дедо Мраз за најмалите.