ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Врз основа на член 17 од Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и други слободни активности на учениците од основните училишта, Комисијата за спроведување на постапка за екскурзија при ООУ„Крсте Мисирков“-Куманово, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
1.НАБАВУВАЧ
ООУ” Крсте Мисирков”од Куманово ул. „Народна Револуција” бр.43 Куманово -1300 тел.031-424- 231; Лице за контакт: Aлександар Јовановиќ тел: 075 291 971
Дополнителни информации: Програмитe за екскурзии и Понуда (образец) може да се добијат
на горенаведена адреса или на mail: [email protected]
2.ПОНУДУВАЧ
Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:
- Да е регистриран согласно позитивните прописи во РМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
- Да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности на учениците во последните 3 години;
- Да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;
- На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 5% од вкупна вредност на договорот.
Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.
- Агенцијата да обезбеди лиценциран туристички водич и лекар.
- ДОКУМЕНТИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ ПОНУДУВАЧОТ
-Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност, согласно позитивните прописи на РМ;
-Потврди дека понудувачот во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности на учениците;
– Документ за превоз на група деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;
-Описот на услугата ќе биде наведен во oбразец понуда, која треба понудувачот да ја подигне од училиштето заедно со програмите за екскурзии.
-Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.
-Лиценца за туристички водач и лекар.
- 4. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
Предмет на набавката е делив и тоа за:
- Изведување на тридневна екскурзија – настава во природа за ученици од V одд. (08.05.-10.05.2019 год.)
- Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одд. (16.05.-17.05.2019 год).
- Изведување на тридневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX oдд. (29.05.-31.05.2019 год.)
- Изведување на еднодневен излет до 30 километри за ученици од III до IX oдд. (30.04.2019 год.)
Вид на договор : Услуги со одложено плаќање и други поволности (попусти за второ и трето дете и гратиси за деца од социјално загрозени семејства).
- 5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
Најниска единечна цена по ученик
- РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
– Понудата треба да се достави во рок од 5 работни дена од денот на објавување во двата весника во архива на Училиштето, или по пошта на адреса ООУ ”Крсте Мисирков” ул. „Народна Револуција“ бр.43 1300-Куманово. (Понудата се приложува во оригинален примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој е адресиран со точна адреса на договорниот орган, а во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за дополнително вметнување на документи или предвремено отворање на понудата.
– Период на важноста на понудите: до 10.06.2019 година
Отварање на понудите ќе биде спроведено од страна на Комисијата за спроведување на постапката за екскурзија.
Комисија за спроведување на постапката за екскурзии
при ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово