Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржана јавна дискусија за нацрт текст на „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“

Куманово денеска беше домаќин на претставувањето и јавната дискусија за нацрт текстот на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија, во организација на Владата на Република Северна Македонија, односно Канцеларијата на Претседателот на Владата.

На настанот присуствуваше Градоначалникот Максим Димитриевски, а воведно обраќање имаше Министер без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, Заменик министер за образование и наука Петар Атанасов, како и претставник на граѓанскиот сектор Мерсиха Исмаиловиќ.

Нацрт текстот на стратегијата го претстави Заменик координаторот на кластер образование во координативното тело за изготвување на стратегијата Андријана Томовска, а подоцна се одвиваше и дискусија за стратегијата.

Целта на националната стратегија е да се гради „едно општество“ и преку истата да се спроведат препораките на меѓународните тела на Обединетите нации, Советот на Европа, Европската комисија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Националната стратегија за развој на концептот на едно општество е документ кој прв пат се подготвува во Северна Македонија, и е од особено значење за иницирање на активностите  и зајакнување на процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници, во насока на создавање на еднакво општество.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст