Одбележан Денот на АРСМ – 18 Август
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде со воена свеченост беше одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18ти август.
На прославата присуствуваа делегации на АРСМ, претставници на јавните установи и служби, градоначалници и преставници на единиците на локалната самоуправа и правни и физички лица со кои Армијата на Република Северна Македонија има соработка. Пред присутните се обрати генерал – мајор Павле Арсовски, командант на ЗОК и потполковник Стојанче Костов, командант на касарната „Боро Менков“.