Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прес по повод доделување на Ноемвриска награда

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово на седница одржана на 04 Ноември 2019 година одлучи:

Ноемвриската награда на Општина Куманово за 2019 година во вид на диплома и паричен износ им се доделува на следниве поединци:

  • Хасан Хасани, лекар специјалист педијатар, основач на ПЗУ ЗАНА Куманово,
  • Радомир Гелевски, лекар специјалист по абдоменална хирургија, Раководител на Оделот за хирушки болести при ЈЗУ Општа болница Куманово,
  • Димитар Масевски, историчар, основач на Друштвото за наука и култура ,,Парадигма”

Ноемвриска награда во вид на диплома се доделува на следниве пправни лица:

  • ЖРК ,,Куманово” кој оваа години одбележа голем јубилеј 90 години постоење и е најстар спортски колектив.
  • OOУ ,,Крсте Mисирков” Куманово за долгогодишна и успешна реализација на воспитно образовниот процес.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст