Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на Градоначалникот Димитриевски со претставници на Општина Гњилане

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа работна средба на делегации од општините Куманово и Гњилане, предводени од Градоначалниците Максим Димитриевски и Љутфи Азири.

Целта на оваа средба се потпишаните договори во рамки  на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Р.Северна Македонија. Потпишани се договори за два проекти: „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“, кој ќе се имплементира во партнерство на општините Гњилане и Куманово и „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“, помеѓу Регионалната компанија за снабдување со вода “Хидроморава” – Гњилане  и ЈП “Водовод”- Куманово.

Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека проектите ќе придонесат за јакнење на прекуграничната соработка и подобри услови за живот на граѓаните од регионот, им посака успешна работа на тимовите на проектите и уште можности за нови проекти.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст