Српската Амбасадорка во посета на Општина Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претставници на Секторот за образование денеска остварија средба со Амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија Душанка Дивјак-Томиќ и претставници од Министерството за образование на Република Србија. Целта на денешната посета се можните реформи во училишта каде има ученици од српската етничка заедница. Градоначалникот Димитриевски истакна дека Куманово е мултиетничка средина и дека Секторите за образование од двете страни, ќе формираат заедничко работно тело, кое ќе врши анкетирање на учениците за можно воведување на билингвални паралелки во училишта во градот.