Презентирана Програмата ROMACTED
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска оствари средба со проектен менаџер на програмата ROMACTED Маркос Андраде, проектни раководители и претставници на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите “Сонце” од Тетово, претставници од општинската администрација и советот.
Целта на оваа средба беше презентирање на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, ROMACTED “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”.
Општина Куманово е една од дванаесетте општини во Република Северна Македонија, каде ќе се спроведува оваа Програма.
На состанокот се разговараше и за актуелната состојба на Ромите во општината, проблемите со кои се соочуваат и можности за нивно решавање.