Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување

Согласно издадените мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија поради  настанатата состојба со корона вирусот, Општина Куманово ги известува граѓаните дека од утре 13.03.2020 година (петок) во наредните денови до 24 март, нема да врши прием на странки во сите Сектори и Одделенија на општината.

Шалтерите во архива на општината за странки ќе работат секој работен ден од 10:00 -14:00 часот  и апелираме до граѓаните при доаѓањето задолжително да ги  почитуваат и применуваат препораките на Министерството за здравство за одржување на хигиената и заштитата.

Сите граѓани кои имаат потреба од услугите  на општината може да остварат контакт со вработените во Општина Куманово по електронски пат:

  • На официјалната интернет страница на Општина Куманово kumanovo.gov.mk, достапни се сите услуги; a

за контакт можете да ја користите и официјалната електронскa пошта [email protected] и

  • Facebook профил Општина Куманово

 

 

  • Телефон :031 475 800  – Централна Зграда

031 438 633  – Зграда на Катастар

031 414 375 –  Зграда спроти Градски Стадион;

031 475 812 –  Просторија на Совет во општина Куманово

031 475 824 –  Архива

 

  • Адреса:11 Октомври,бб  1300 Куманово

 

Со почит,

Општина Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст