ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 28.04.2020 година (вторник)
Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- ОШЗС Куманово бара од Владата на РСМ да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено и истата да ја замени со опомена и содветна казна со општествено корисна работа.
- ОШЗС Куманово донесе одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК “Трајко Прокопиев“ за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово.
– Останатите активности на силите за делување на штабот и останатите институции продолжуваат со штабските редовни активности согласно зададената динамика.