Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување за работата во првиот месец од функционирањето на Градоначалникот Максим Димитриевски и локална самоуправа

Во првиот месец од своето функционирање,  градоначалникот  Максим Димитриевски оставри многубројни средби со граѓаните на Општина Куманово. Разговараше со претседатели на месните заедници во општината, со директори на Јавни претпријатија и раководни лица во институциите од градот, со претставници на верски заедници, со здружение за грижи и воспитување на децата, со бизнис секторот, со културните работници и спортските клубови.

 

Во својот кабинет оставри средби со Амбасадори на Јапонија,  Франција и почесниот граѓанин на Куманово Луиза Винтон, со кои разговараше за тековните проекти како и за продлабочување на понатамошната соработка.

На полето на инфраструктурата во овој овој период интензивно се работеше. Се асфалтираа улица „Тоде Мендол„улица „100„ улица „Димитар Влахов„, „Орце Николов„, а до крајот на годината е предвидено да се реконструираат улиците: „Moша Пијаде„, „Пелинска„,Страшко Арсов„, Драги Шутевски и „Борко Таневски„. Се изврши и тампонирање на голем број улици.Се изврши обележување на хоризонтална  сигнализација во централно градско порачје.

Во зафршна фаза е проектот за реконструкција и проширување на канализациона мрежа во градот. Се изврши и реконструкција на фасадата на зградата на општината, се сменија клупите на Грдскиот плоштад,а се зголеми и нивото на хигиената во централно градско подрачје. Поставени се мобилни тоалети.

По повод Ден на Градот  „11 Ноември„ Градоначалникот Максим Димитриевски беше домаќин на голем број делегации од збратимените градови.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст