Одбележан 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија
Денеска на споменикот Жена Борец на Градскиот плоштад, со свечена програма беше
одбележан празникот 8-ми Септември-Ден на Независноста на Република Северна Македонија, со
почитување на предвидените мерки за превенција од КОВИД епидемијата. Делегации од Сојуз на
борци-Куманово,Градоначалник на општина Куманово,Совет на општината, Армија на Република
Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи, општински основни и средни училишта,
јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани, невладини организации, политички
партии, положија свежо цвеќе пред споменикот. Пред присутните се обрати Градоначалникот на
општина Куманово Максим Димитриевски.