Започна меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”
Вечерва со кабаре претставата “Меѓуигри 0-24” со босанскиот актер Зијах Соколовиќ започна дваесет и третото издание на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2020”. Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Куманово, со почитување на предвидените мерки за превенција од КОВИД епидемијата. Од 28 септември до 10 октомври ќе бидат прикажани девет театарски претстави од театрите во земјава, како и од Србија и Бугарија. На отварањето присуствуваше Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој има и свое обраќање.