Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан Договор за изградба на атмосферска канализација

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска присуствуваше на потпишувањето на Договор помеѓу ЈП “Водовод”-Куманово и фирмата изведувач “Жикол ДООЕЛ”-Струмица,  за изградба на атмосферска канализација на ул. “Братство единство”. Активноста е дел од проектот “Одржливи еколошки и здравствени придобивки од прекугранична област”. Овој проект се имплементира во партнерство со регионалната компанија Хидроморава-Гњилане, финансиран од ЕУ во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу РСМ и Косово, со учество на општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст