Биенална изложба на слики и графики 2020
Во Занаетчискиот дом вечерва беше отворена Биенална изложба на слики и графики од Детски ликовен камп АСНОМ за 2019. и 2020 година. Беа изложени дела на ученици од општински основни училишта, корисниците на Центарот за лица со интелектуална попреченост “Порака Наша” и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост-Куманово, кои твореа во различни техники.
Биеналната изложба се одржува четврта година по ред, организирана од страна на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово. Изложените слики и графики ќе бидат донирани на корисниците на “Порака Наша”.На настанот се обрати Секретарот на општина Куманово, Александар Гелевски.