Известување од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на 10.11.2020 год.
Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните препораки и заклучоци:
- Поради зголемен број на заболени лица од корона вирус како и немање на термини за тестирање, бараме од Министерство за здравство барем двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку „Мој термин“ за Општина Куманово;
- Поради зголемен број на заболени лица, како и обезбедување на нивен соодветен третман за лекување (преглед, усмерување, хоспитализација и сл.) бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да ја разгледа потребата од донесување на нови или промени на постоечките протоколи;
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски, како и новата мерка со која се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.
Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.