Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на ЈУОУД “Професор Мијалковиќ”-Куманово

Градоначалникот на општина Куманово  Димитриевски  заедно со Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада и Министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Горан Милевски ја посетија Јавната установа општински ученички дом “Професор Мијалковиќ”-Куманово. Во рамките на проектот “Социјална инклузија на деца од рурални средини, жртви на семејно насилство и жртви на поплави и пожари” е вклучена реконструкција на Ученичкиот дом, со што е добиена комплетно нова слика на ентериерот и екстериерот во домот, а поставена е и пристапна рампа за лица со посебни потреби. Проектот е финансиран преку Агенцијата за развој на Швајцарија застапувана преку Амбасадата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа.




Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст